Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лариџани му порача на Трамп: Војната не се добива со неколку твитови

/

пред 211 дена

Сподели преку :

Шефот на иранскиот Совет за национална безбедност Али Лариџани го нападна претседателот на САД, Доналд Трамп, во објава на социјалните мрежи.

Тој порача дека Трамп бара „брза победа“, но дека војната „не може да се добие со неколку твитови“, што веројатно е алузија на честите објави на американскиот претседател на мрежата Truth Social.

„Нема да застанеме додека не зажалите поради оваа тешка погрешна проценка“, додаде Лариџани.

Тој претходно во текот на војната го предупреди Трамп да „внимава да не биде елиминиран“, по серијата закани кои американскиот претседател ги упатуваше до иранското раководство.