Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лавров: Не ни е потребна помош од западот во истрагата за нападот во Москва

/

пред 941 дена

Сподели преку :

Помош од Запад во истрагата за нападот во концентрната сала во Москва не ни е потребна, порача шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Според него е јасно дека „западната“ понуда ќе манифестира двојни стандарди и изрази сомневање оти ќе има за цел да ја промовира теоријата дека тоа го направила групата Исламска Држава, а Украина немала никаква врска со подготовките, организацијата и самиот напад.

Рускиот претседател Владимир Путин викендот изјави дека четворица осомничени напаѓачи биле уапсени додека се обидувале да пребегаат во Украина.

Истрагата сè уште не утврди кој го нарачал масакрот, но според Путин, неопходно е да се открие „зошто терористите по извршеното злосторство се обиделе да побегнат во Украина и кој ги чекал таму“.