Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лавров: Русија е подготвена да се брани со сите средства

/

пред 683 дена

Сподели преку :

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека се надева оти Западот „сериозно ја сфатил“ неодамнешната употреба на хиперсонична ракета против Украина и предупреди дека Русија е подготвена да ги искористи „сите средства“ за да се одбрани.

САД и нивните сојузници, кои доставуваат оружје со долг дострел на режимот во Киев, мора да разберат дека ние сме подготвени да ги искористиме сите средства за да ги спречиме да успеат во, како што го нарекуваат стратешки пораз на Русија, рече Лавров во интервју со американскиот новинар Такер Карлсон објавено вчера во Москва.

Лавров, исто така, рече дека за Русија е клучно Украина да не биде во НАТО бидејќи тој сојуз „не смее да биде на границите на Русија“.