Секој француски воен инструктор во Украина би бил „легитимна цел“ за руските вооружени сили, порача рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Република Конго, Жан-Клод Гакосо.
– Без разлика дали се членови на француските вооружени сили или едноставно платеници, тие претставуваат апсолутно легитимна цел за нашите вооружени сили, истакна рускиот министер за надворешни работи.
Врховниот командант на Украина минатата недела изјави дека потпишал документи со кои им дозволува на француските воени инструктори наскоро да пристапат до украинските центри за обука,но францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела рече дека нема да коментира „гласини или одлуки што би можеле да се донесат“.
Од кабинетот на Макрон велат дека нема да ги коментираат ваквите изјави на Лавров











