Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лавров: Западот ја оживува Студената војна и предизвикува директен конфликт со Русија

/

пред 683 дена

Сподели преку :

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини Западот дека ја оживува Студената војна и предизвикува директен конфликт со Русија. Пораката ја пренесе за време на воведниот говор на министерскиот состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) што се одржува на Малта.

Лавров на присутните делегати им порача дека акциите на САД се водени од желбата „да го свртат политичко внимание кон НАТО“. Тој го критикуваше и ОБСЕ, велејќи дека организацијата станала „жртва на политиката на потчинување на Европа на САД преку евроатлантските безбедносни концепти“.