Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лажна сообраќајка како измама: Кривична пријава од СВР Битола

/

пред 252 дена

Сподели преку :

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.А. (46) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“, информираат од полицијата. Пријавата е поднесена во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ до Основното јавно обвинителство Битола.

Според пријавата, на 11 ноември 2025 година, 72-годишна жителка на селото Буково била телефонски измамена од лице кое се претставило како полициски инспектор и лажно ѝ соопштило дека нејзината ќерка и зет предизвикале сообраќајна незгода. Под закана и лажно уверување, таа оставила 40.000 денари и 1.500 американски долари на договорена локација во Битола.

Откако утврдила дека станува збор за измама, случајот бил пријавен во полиција. Осомничениот бил лишен од слобода на 24 јануари 2026 година на граничниот премин Ќафасан, каде во целост го признал извршувањето на делото.