Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лажна вест се шири на интернет дека починала Калиопи, таа пријави во полиција

/

пред 764 дена

Сподели преку :

Македонската поп пејачка Калиопи повторно е жртва на лажна вест. Овојпат морничава. На социјалните мрежи се прошири аматерски монтирана фотографија како лежи во болнички кревет, додека „се борела за живот како последица на циста во мозокот и срцев удар“, но и „дека ја загубила битката“.

Веднаш се огласи македонската поп дива, кој видно вознемирена, го искоментира случајот на социјалните мрежи и информира дека лажната вест ја пријавила во одделот за сајбер криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Секогаш тврдев дека не постојат добри и лоши луѓе, туку дека постојат луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нечовечен чин е поведена пријава и постапка до надлежните органи. И во минатото се случувале разни злоупотреби на моето име, но оваа морбидност ги надмина сите претходни манипулации. Дали вие нелуѓе, креатори на овие лажни вести, сте свесни дека можеби мојата мајка, сестра, брат, можеле да го прочитаат овој текст и директно да го загрозите нивниот живот. Упатувам апел до одделот за компјутерски криминал при министерството за внатрешни работи да ореземе итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби“, напиша Калиопи на Инстаграм.

Калиопи на 19 октомври ќе одржи концерт во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.