Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лазо Узунчев нов генерален директор на ЕСМ?

/

пред 781 дена

Сподели преку :

Според неофицијални информации, Лазо Узунчев најверојатно ќе биде идниот прв човек на државната ЕСМ. Станува збор за човек кој што бил директор во еден од големите синџири за бела техника и апарати за домаќинство во земјава.

Инаку, според информации, позицијата генерален директор на ЕСМ претходно им била понудена и на други лица, меѓу кои познати професори и поранешни државни функционери, но ниту од нив не ја прифатил понудата.

Дали Узунчев или некој друг ќе застане на чело на ЕСМ, ќе се знае до крајот на неделава. Утре најверојатно ќе заседава надзорниот одбор на компанијата и, конечно, треба да се комплетира и новиот Управен одбор.