Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лебот засега не поскапува, но цените ќе зависат од случувањата во Украина и на Блискиот Исток

/

пред 901 дена

Сподели преку :

Лебот нема да поскапи, неговата цена за сега останува иста, уверуваат производителите. Но, што ќе се случува понатаму не само со овој производи туку и со сите други ќе зависи од конфликтот во Украина и со новонастанатата состојба на Блискиот Исток. Поради случувањата таму периодов скокна цената на нафтата.  Дали пред нас е нов бран на поскапување од бизнисот велат дека се зависи од глобалните случувања. Потенцираа и дека цените не зависат само од нафтата,  туку и од други фактори меѓу кои е и цената на работната сила.

-Цената на лебот ќе остане иста, стабилна е сега но не знаеме  што ќе се случува во однос на војната на  Блискиот Исток која дирекно се рефлектира на цената на нафтата, исто не знаеме со жетвата во Русија и Украина на производството  на жито повеќе параметри се и  варијабли кои влијаат на крајната, но сметам  дека во овој момент имаме стабилна и иста цена на лебот, вели Горан Ѓорѓиевски од Агро -бизнис комората при ССК

 

-Тука е цената на работна сила. Луѓето кои произведуваат леб и други прехранбени производи ќе траба да ги платите повеќе, а со тоа автоматски расте и цената на тие производи, вели Трајан Ангеловски, претседател на ССК.

Од бизнисот и со забелешка за тоа што утрешниот ден е прогласен за неработен. Велат, освен што никој не ги контактирал, со тоа што во среда нема да се работи негативно ќе ја завршат целата недела.

-Кога ќе прогласите неработен ден во среда негативно сте ја решиле целата недела и понеделникот и вторникот се релативно неефикасни како и четврток и петокот. Навистина многу непријатна ситуација, додава Ангеловски.

Инаку, изминатиот период може да се забележи дека цените на одредени производи пораснаа по укинувањето на мерката за нивно замрзнување.

Ирена Чачкова