Поранешниот косовски министер за инфраструктура Пал Лекај е осуден на 44 месеци затвор за злоупотреба на службената положба во случајот со доделувањето дополнителни 53 милиони евра на конзорциумот „Бехтел-Енка“ за изградба на автопатот „Арбен Џафери“.
На поранешниот министер исто така му беше изречена и забрана да врши јавни функции во јавната администрација во траење од 3 години и шест месеци.
Заедно со него е осуден и поранешниот секретар на Министерството Небих Шатри на една година и осум месеци, директорот за набавки Бесим Тахири на една година и осум месеци затвор и советникот Есет Бериша на 3 години и три месеци.











