Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лекарска комора: Можеме да постапиме само во рамки на законски утврдена постапка

/

пред 741 дена

Сподели преку :

Лекарската комора го доби извештајот со низата пропусти околу лекувањето на 14 месечното бебе но освен што изразува загриженост се огради од посочување и барање одговорност од сите инволвирани во здравствебните институции инволвирани во случајот.

Потенцираат дека најголемиот број од пропустите се системски за кои велат треба да најдат останатите надлежни институции на чело со министерството за здравство.

Во однос на стручните пропусти во третманот нотирани во извештајот, Лекарска комора може да постапува само во рамки на законски утврдена постапка согласно Законот за здравствена заштита, односно само врз основ на решение изготвено од страна на Министерот за здравство.

Во конкретниот случај вакво решение досега не е доставено до Комората, а Комората нема законска можност самоиницијативно да пристапи кон утврдување на индивидуална одговорност и да предлага мерки само врз основа на доставениот извештај, велат од комората и потенцираат дека ќе постапат веднаш согласно надлежностите тогаш кога ќе добија решение од министерот за здравство во кое точно ќе се прецизира одговорноста и ќе се предложат мерки.