Тројца од лицата кои ги уништуваа македонското знаме, а за кои обвинителството побара притвор, попладнево се изведени пред судија на поретходна постапка. Малолетникот ќе се брани во редовна постапка.
„Осомничените на 28.11.2024 година околу 20:00 до 23:00 часот на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, по завршување манифестација на плоштадот Скендербег по повод прослава на денот на албанското знаме, со излагање на подбив на национални симболи, односно со палење, уништување и кинење на државното знаме, предизвикале омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност“, велат од обвинителството.

Тројцата се спроведени во судот со полициска придружба, а пред Кривичен во моментот се собрани нивни роднини и пријатели.











