Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лицата со попреченост го одложија протестот за доцнењето на надоместоците за персоналните асистенти, за 12 октомври

/

пред 757 дена

Сподели преку :

Закажаниот протест на лицата со попреченост паради доцнењето на надоместоците, од јуни наваму, за нивните личните асистенти , од 5 октомври се поместува за 12, во месецот. Од Коалицијата „Менуваме“ добиле информација дека до утре парите ќе легнат на сметката на Црвениот Крст, како провајдер на услугата, но ќе остане неисплатен месецот септември.  Поради тоа лицата со попреченост ќе протестираат, ако до 11 октомври и тие пари не бидат исплатени. Ова е само еден од проблемите за кои од Коалицијата „ Менуваме“, денеска остварија средба во Собранието ,со пратеници од владеачката ВМРО-ДПМНЕ. На средбата се разговарало и за други проблеми, меѓу кои приоритетен за решавање е тој, поврзан со Националниот сојуз на слепи лица на Македонија. Сојузот на годишно ниво од ресорот Социјална политика добива по 21 милион денари, а парите , како што велат од „ Менуваме“ , се трошат на криминален и лукративен начин, со што не се остваруваат правата на оваа категорија граѓани.

  • Протестот е буквално еден крик, можам да кажам, за да не видат, да не разберат. Бидејќи ние денеска имаме информација дека до утре ќе ги добијат парите провајдерите, можеби и денеска. Но, тие пари се само за месеците 6, 7 и 8. Додека за 9 месец што треба да го исплатат, не е исплатен. Втората точка беше да се реши проблемот со Националниот сујуз на слепи лица на Македонија, за да можат институциите , веќе согласно програмите за работа и заштита на оваа категорија лица, да работат полесно на остварување на нивните права. До сега се исчезнати многу пари , ангажирани непотребни ресурси . Исчезнати недвижен и движен имот. И од тие причини, запознаена е веќе државата, запознаени се сите институции на системот, кажа Суарет Алишан- координатор на Коалиција „ Менуваме“.