Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лицата со попреченост на протест на 15 октомври поради доцнење на исплатата на личните асистенти

/

пред 753 дена

Сподели преку :

Иако во петокот персоналните асистенти и негователите на лицата со попреченост требаше да ги добијат надоместоците од по 17 000 денари, што не им се исплатени од јуни наваму , тоа не се случи. Па, од Коалицијата „ Менуваме“ , која ги застапува правата на хендикепираните граѓани, велат дека биле излажани од Министерството за социјална политика , демографија и млади и најавија протест , на 15 октомври.

  • Излажаа една категорија на лица со попреченост, кои и тоа како се зависни од таквите компензациони права, иако знаеме дека тие компензациони права не можат на нив да им ги вратат очите, рацете или нозете. Почитувани, денеска сме овде да објавиме протест за нашите стекнати права, за да ги зачуваме, рече Суарет Алишан , координатор на Коалиција „ Менуваме“.

Алишан побара и оставка од министерот за социјална политика, а до премиерот Мицкоски апелираше дека со неисплаќањето на личните асистенти, лицата со попреченост се казнети.

  • Г-не Мицко, имавте Вие слоган, се сеќавам „ Горда Македонија “, „ Твоја Македонија“, ама јас ќе го заокружам, тоа е „ Горка Македонија“, кажа Алишан.

Провајдер на услугата е Црвениот Крст на Македонија . Од таму бараат транспарентност за проблемот, зашто  велат дека биле притиснати од лицата со попреченост околу исходот на ситуацијата.

  • Тука се луѓето кои што ги користат услугите. И ние се наоѓаме во една многу тешка ситуација, кога не знаеме каков одговор да дадеме понатаму, кажа Сузана Тунева -Пауновска, секретар во Црвен Крст на Град Скопје.

А, од ресорот Социјална политика велат дека по консултација со Министерството за  финансии, добиле потврда дека исплатата на надоместоците за личните асистенти ќе се реализира  денеска. Таа ќе ги опфати заостанатите надоместоци за јуни, јули и август.

Сотир Трајков