Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лидерот на српската опозиција Ѓилас натепан од припадници на партијата на Вучиќ после судир за лепење плакати

/

пред 654 дена

Сподели преку :

Лидерот на српската Партија на слободата и правдата, Драган Ѓилас, е во болница откако беше претепан од повеќе припадници на српската владеачка партија СНС, на улиците на Белград каде тепачите лепеле плакати на кои Ѓилас е наречен “лопов”.

На видеото што се појави на социјалните медиуми, се гледа како тој, заедно со член на неговото обезбедување, тргнува кон активистите на СНС и ги прашува зошто лепат плакати, а еден од нив му се дере во лице дека е крадеец.

Кога состојбата навидум се смирува, групата владеачји активисти му се приближуваат на Ѓилас и на негов партиски соработник и двајцата ги туркаат на земја каде ги удираат и клоцаат. Сопартијката на Ѓилас која го снима инцидентот со телефон на крајот исто така е нападната и удрена по раката во која го држи уредот.

Двајцата опозиционери побарале лекарска помош и се згрижени во болница.

Групата на оние кои ги лепат плакатите ја води функционер во градот Белград. Тој одржа прес конференција и го обвини Ѓилас дека тој прв почнал да удира и ги нападнал по што се бранеле и вратиле.