Полициски службеници на СВР Скопје, синоќа околу 20 часот улицата „Дижонска“ во Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т. од Скопје.
Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода е лишан Р.Т. од Скопје кој бил затекнат со пиштолот.
По документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.396 од КЗ.











