Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лишен од слобода турски државјанин кој организирал он лајн игри на среќа, во станот во Центар одгледувал и марихуана

/

пред 183 дена

Сподели преку :

Претрес во Скопје, лишен од слобода турски државјанин, пронајдена дрога и компјутери преку кои организирал он лајн игри на среќа.
– На 09.04.2026 во Скопје, на територија на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(29), турски државјанин со престојувалиште во Скопје. При извршен претрес, по добиена судска наредба, во домот во кој престојувал Б.Б., пронајдени се пет саксии со канабис, марихуана, дигитална вага и два лап топ компјутери преку кои организирал он лајн игри на среќа. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.