Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лога го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку МНР ќе биде доставено до  турските власти

/

пред 1047 дена

Сподели преку :

Министерството  за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку МНР ќе биде доставено по дипломатски пат до  турските власти.

Oригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до  ИНТЕРПОЛ. Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување  од нивна страна во најкус можен рок.

Барањето за екстрадиција, министерот Кренар Лога го потпиша вчера со што  отпочна процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски. Во текот на денешниот ден  експресно беа преведени сите потребни списи и документи на турски јазик, по што барањето за екстрадиција се испрати на турските власти, соопштуваат од Министерството  за правда.