Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Локализиран пожарот кај село Николиќ, три активни пожари во Македонија

/

пред 464 дена

Сподели преку :

По речиси една недела борба со огновите, големиот пожар кај дојранското село Николиќ конечно е ставен под контрола и спречено е да се префрли во валандовскиот регион. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираат по локализацијата на пожарот, на кој се дејствуваше и од небо и од земја, ќе се премине на фазата на негово гаснење. Пожарот кој избувна кај селото Блаце и потоа се префрли во Чучер Сандево и околните села вчера беше локализиран а денес е целосно изгаснат.

Во моментов на територијата на државата има три активни пожари.

„Во реонот на селата Џидимирци, Крушје и Иванковци каде гори мешана шума, активен пожар има и во Општина Македонски Брод меѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа каде гори дабова шума и грмушки и ниска вегетација. Активен пожар има на територијата на Општина Василево кај селото Нивичино каде гори нискостеблеста шума“, изјави Надица Вчкова од ЦУК.

Пожарот кај велешките села Крушје и Ивановци е на непристапен терен. Гори мешана шума и таму се гаси со двата „Ер трактора“, активирани се и модифицираните возила „пинцгауери“, а во гаснењето учествуваат 30 припадници на АРМ. Полицискиот хеликоптер, пак, го гаси пожарот кај струмичко Нивичино.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кажа дека зад подметнувањето на пожарите во Скопје, кога во ист ден гореше кај Блаце, во Ѓорче Петров, кај Смилковското езеро и во близина на витални објекти, стои организирана група и дека за тоа полицијата има докази. Сепак кој е мотивот Тошковски не одговори ниту пак дали се идентификувани членовите на таа група.

Полицијата досега приведе дваесетина лица кои предизвикаа пожари.

Огнен Чанчаревиќ