Во вториот круг во Тетово, победи досегашниот градоначалник на оваа општина Билјал Касами, кој е кандидат на коалицијата ВРЕДИ.
Касами освои 5.000 гласови повеќе од противкандидатот од ДУИ, Бајрам Реџепи. Касами доби 21.004 гласови.
Во Тетово, поддржувачите на Касами слават по улиците. За конечните резултати на ДИК, недостасува само едно избирачко место.











