Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Локомотивите на „Србија карго“ ќе влечат возови за македонски железници по Коридор 10

/

пред 765 дена

Сподели преку :

Договорот за наем на четири локомотиви од Србија е речиси финализиран и сега се работи на техничка синхронизација на документите.

Четирите локомотиви на српски железници од серијата 461 ќе бидат испорачани во наредните денови  и веднаш ќе бидат вклучени во транспортниот сообраќај.

Според официјалните информации од македонски железници транспорт овие локомотиви првенствено ќе бидат наменети за влеча на возови со стока и материјали по Коридорот 10 и ќе придонесат да се расчисти застојот на Табановце и во Гевгелија.

Во моментов македонски железници располагаат со четири функционални локомотиви со кои се спроведува транспортниот сообраќај но се далеку од доволни за да може товарните возови непречено да транзитираат по коридорот.

Од раководството на железници транспорт соопштија дека во моментов се сервисираат т.н. кинески локомотиви кои веднаш по оспособувањето ќе бидат вклучени во транспортниот сообраќај.

Транзитот на стока преку Коридорот 10 е клучен за финансиската стабилност на железници транспорт и генерира профит и тоа ќе биде фокусот на новото раководство.

Со планот за раст кој утре ќе се потпише во Брисел, Владата се обврзува дека до крајот на јануари 2025 година треба да донесе и да имплементира план за преструктуирање на државните железници во пакет до декември 2027 година.

Една од суштинските обврски е како за железници така и за државната пошта е да се подготви план за анулирање на долговите, и да нема акумулација на нови долгови, односно формирање на нови компании кои ќе почнат од нула, финансиски гледано со обврска за зголемување на број на патници и тонажа на превезени материјали. Со планот за раст се обезбедени средства за реконструкција на пругата коридор 10.

Огнен Чанчаревиќ