Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лондонски работници во метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

/

пред 404 дена

Сподели преку :

Илјадници вработени во лондонското метро денеска  почнаа серија штрајкови поради платите и условите за работа, а синдикатот за железница, поморство и транспорт соопшти дека членовите, вклучувајќи ги машиновозачите, сигналистите и работниците за одржување, ќе учествуваат во штрајкови во различни периоди до четврток.

Транзитниот оператор „Транспорт за Лондон“ објави дека од имало прекин во системот за испорака на услуги и дека се очекува малку или воопшто да нема возови да сообраќаат од понеделник до четврток .

Компанијата вели дека им понудила на вработените зголемување на платите од 3,4 проценти, но синдикатот се уште инсистира на намалување на работната недела од 35 часа на 32 часа, што компанијата вели дека не може да си го дозволи.