Поројни води со кал и земја потекоа низ улиците на преспанското село Љубојно поради обилните дождови, при што наносите доаѓаат од ридот, каде лани беше извршена голема сеча на шумата.
Жителите велат дека проблемите се јавуваат по секој поголем дожд од летото наваму, откако во 2025 година беа исечени околу 1.500 кубици дабова шума. Според нив, сечата значително ја зголемила опасноста од ерозија и порои.
Сечата беше запрена по четиримесечни протести на мештаните кои кон крајот на декември во 2025 година беа ставени во мирување.











