Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Луѓето во Газа чекаат во редица со часови за да добијат леб

/

пред 970 дена

Сподели преку :

Палестинците во Газа страдаат од недостиг на леб, но и поради воени профитери кои екстремно ги зголемиле цени на храната додека хуманитарната ситуација во Појасот продолжува да се влошува. Толпа луѓе насобрани со часови чекаат пред пекарница надевајќи се на неколку пити за да ги прехранат своите семејства. Десетици жени со часови чекаат леб да го однесат дома кај своите семејства. Други се обидуваат да си испечат сами во шпорети од кал и со какво било брашно што ќе добијат.

Претставниците на ОН предупредуваат дека евентуален напад врз Рафах ќе биде катастрофален, со повеќе од 600.000 деца на патот на војската. Поместувањето на луѓето од градот и околината, исто така, може да предизвика колапс на системот за хуманитарна помош, кој се бори да го одржи во живот населението на Газа.