Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Лукоил“ се согласи да ги продаде своите странски средства на „Карлајл“

/

пред 248 дена

Сподели преку :

Американската приватна инвестициона фирма Карлајл груп се согласи да ги купи поголемиот дел од странските активи на руската нафтена компанија Лукоил, вредни околу 22 милијарди долари, кои компанијата е принудена да ги продаде поради американските санкции.

Договорот сè уште бара одобрување од американските власти и не вклучува активи на Лукоил во Казахстан. Се очекува продажбата да ги опфати активите на Лукоил во Европа, Блискиот Исток, Африка, Централна Азија и Мексико, вклучувајќи и контрола над нафтеното поле во Ирак и рафинерии во Бугарија и Романија.

Карлајл истакна дека ќе обезбеди континуитет на работењето, зачувување на работните места и стабилност на активите. Лукоил, исто така, продолжува преговори со други потенцијални купувачи. Продажбата се случува во време на засилени преговори за завршување на војната во Украина и продолжувањето на американските санкции кон руските нафтени компании, вклучувајќи ги Лукоил и Роснефт.

T.Д.