Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маѓар најави промена на уставот за да го отстрани од власт претседателот на државата, назначен од партијата Фидеш на Орбан

/

пред 124 дена

Сподели преку :

Владата на Унгарија ќе го промени уставот за да го отстрани претседателот на државата, како дел од напорите на новиот премиер, Петер Маѓар, да се ослободи од функционерите назначени за време на поранешниот премиер Виктор Орбан.

Маѓар и неговата партија Тиса извојуваа убедлива победа на парламентарните  избори во април.

Со двотретинско мнозинство во парламентот, тие можат да спроведат далекусежни промени во политичкиот систем што Орбан го изгради за време на своите 16 години на власт.

Од изборната победа наваму, Маѓар повеќепати го повикуваше претседателот Тамаш Суљок, кој беше назначен од партијата на Орбан, да поднесе оставка на функцијата. Тој му постави рок на Шуљок до 31 мај да ја напушти функцијата.

Иако претседателската функција е главно церемонијална, претседателот е одговорен за потпишување на законите и има овластување да ги упатува законите донесени од парламентот на уставен суд на разгледување. Ова предизвика загриженост кај поддржувачите на новата влада дека би можел да ја искористи таа моќ за да ги попречи нејзините планови.

Маѓар денеска по разговорите со претседателот на државата изјави дека .

тој одбил да поднесе оставка.

Затоа, Маѓар додаде дека ќе им наложи на пратениците од својата партија веднаш да ги започнат „неопходните процедури“ за негово разрешување, процес за кој рече дека би траел околу еден месец.

„Во интерес на Унгарија е оваа институција – функцијата претседател на државата – повторно да го стекне угледот што беше нарушен поради нејзиниот молк и неактивност“, изјави Маѓар.