Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маѓар: Унгарија ќе го запре процесот на повлекување од Меѓународен кривичен суд

/

пред 168 дена

Сподели преку :

Новиот Унгарски лидер Петер Маѓар изјави дека Унгарија ќе го запре процесот на повлекување од Меѓународен кривичен суд, што значи дека земјата ќе остане членка на судот.

Тој нагласи дека доколку лице кое е барано од судот влезе во земјата, властите ќе имаат обврска да го приведат. Изјавата директно се однесува и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за кого постојат правни постапки поврзани со судот.

Маѓар посочи дека и покрај тоа, Нетанјаху ќе биде поканет на одбележувањето на 70-годишнината од унгарската револуција во Будимпешта.

Претходната влада на Виктор Орбан во 2025 година започна процедура за напуштање на судот, која требаше да стапи во сила во јуни 2026.

Сепак, по убедливата изборна победа на Маѓар и неговата партија, новата власт најавува пресврт во политиката и задржување на членството во меѓународните институции.