Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тајзи го промовираше спотот за новата песна „Сувенир“

/

пред 1684 дена

Сподели преку :

„Сувенир“  е новиот љубовен хит на Драган Величковски- Тајзи.  Песната е авторско дело на Тајзи и Лазар Цветковски, а спотот е снимен во Офицерскиот дом во Битола, како и на уште неколку локации во градот.  Во видеото режирано од Дарко Митев и Тајзи, покрај пејачот се појавуваат и македонските модели Патриција и Андреа.

„Животот е како партија шах, како и да ја изиграме на крајот и пионот  и кралот завршуваат  во истата кутија. На што ќе се сеќаваме на добрите или на лошите потези ?
Ни останува помалку да судиме и повеќе да уживаме во оваа игра наречена живот.  Да не се труеме  со омразата  и  пропагандата  која ни се сервира. За такво нешто  треба да се храниме со љубов. Да се љуби,да се верува  и да се сака, вака безусловно како што јас ја сакам музиката. Токму тоа е темата на „Сувенир“- вели Тајзи за својата нова песна.

Во изминатиот период, како автор Тајзи беше вклучен во осум проекти, а покрај својата музика пишуваше и за други артисти како Антонија Гиговска, Тамара Тодевска и 2 Бона. За летниот период подготвува и нова авторска музика.