Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Српски и косовски медиуми на мегдан во Охрид

/

пред 1297 дена

Сподели преку :

Терасата со поглед на Охридското Езеро и прес-центарот во хотелот Инекс Горица цел ден се исполнети со десетици новинари кои го следат состанокот на Дијалогот Белград-Приштина под покровителство на ЕУ.

Додека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се на жешката  преговарачка клупа пред претставниците на ЕУ и САД (Борел, Лајчак и Ескобар) во вилата Билјана, новинарите кои се во блискиот хотел постојано известуваат за настанот во Охрид кој е под медиумски интерес во цела Европа.

На фотографијата се гледаат екипити на српската ТВ Пинк и на косовската Коха Визион КТВ кои истовремено известуваат и преку линк се јавуваат во живо на телевизиските канали чии седишта се во Белград и Приштина.

Едната новинарка известува на српски јазик, додека втората на албански јазик. За средбата во Охрид има огромен медиумски интерес. Акредитирани се над 230 медиумски работници (новинари, сниматели фото-репортери, технчки медиумски персонал) од повеќе од 100 медиуми од државата, Србија, Косово, Албанија, Грција, Бугарија, но и новинари на највлијателните светски новинарски агенции.