Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осигурителни компании доделија стипендии на 12 студенти од Економски факултет

/

пред 1347 дена

Сподели преку :

Дванаесет студенти на скопскиот Економски факултет добија стипендии од 10 осигурителни компании. Студентите од осигурителните компании ќе добијат стипендија од 1.000 евра во денарска противвредност, можност за практична обука во компанијата, а опција е и вработување во компаниите. Меморандумот за соработка меѓу факултетот и осигурителните компании беше потпишан по иницијатива на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Деканот на економскиот факултет Предраг Трпески, денеска на доделувањето на стипендиите, истакна дека осигурителните компании на овој начин ќе се приближат до студентите на економскиот факултет, за кој рече дека претставува изворот од каде осигурителните компании треба да го црпат човечкиот капитал.