Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Вељко Булајиќ – режисер на филмот Битката на Неретва

/

пред 914 дена

Сподели преку :

Вељко Булајиќ, еден од најпознатите режисери од поранешна Југославија, почина денеска на 96-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврдија од  неговото семејство за „ Вечерњи лист“, пренесува агенцијата Срна.

Булајиќ се истакна со партизанските епски остварувања „Козара“, од 1962 година, „Битката на Неретва “, од 1969 година- номиниран за Оскар од Американската филмска академија и „ Големиот транспорт“, од 1983 година.

Роден во местото Вилуси кај Никшиќ во 1928 година, Вељко Булајиќ го поминал детството во Сараево, како и дел од школувањето. По Втората светска војна се заинтересирал за кинематографијата и запишал филмска режија во Рим, каде дипломира 1959 година. Во тој период им помагал на големите режисерски имиња Федерико Фелини и Виторио Де Сика, по што се вратил во Југославија.

Режисерската кариера Булајиќ ја започнал со кратките филмови „Камен и море“ и „Бродот залута“, а во 1959 година го снимил првиот долгометражен филм „Воз без возен ред“, кој бил прикажан на Канскиот филмски фестивал. Поголемиот дел од животот го поминал, работејќи во Хрватска, и е познат, пред сè, по режијата на филмови со теми од Втората светска војна.

Добитник е на Златниот лав во Венеција, Златната нимфа во Монте Карло, наградите за режија во Сан Себастијан и Њу Делхи, Златен медал на Меѓународниот филмски фестивал во Москва и меѓународната награда за критика CIDALC. Тој освоил неколку „Златни арени“ на филмскиот фестивал во Пула, за најдобри филмови и најдобра режија.