Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мајка влегла со тригодишно девојче во Сава во јануари во Загреб, телото пронајдено во Белград

/

пред 536 дена

Сподели преку :

Белградски Инперпол ја извести хрватската полиција дека во март е пронајдено тело на дете во реката Сава. Полицијата во Загреб попладнево објави дека, преку меѓународна полициска соработка и ДНК анализа е утврдено дека се работи за жртва на казненото дело „Тешко убиство“ сторено на 15 јануари оваа година во хрватската престолнина.

Станува збор за случај од почетокот на годината, кога се денови траела потрагата хрватските спасувачки служби за тригодишно девојче кое мајката го внела во реката Сава во Загреб. Мајката тогаш беше испраша од Жупаниското државно обвинителство во Загреб и притоа ѝ беше одреден истражен притвор за сторување на тешкото казнено дело. Истратата сè уште трае, а мајка и натаму е во истражен притвор, објави индекс.хр.