Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Мајките завиени во црно се огледало на нашата душа“ – Протестен марш во Скопје за загинатите во трагедијата во Кочани

/

пред 337 дена

Сподели преку :

„Мајките завиени во црно се огледало на нашата душа“ – е една од речениците кои осамна на споменикот Олимпија во центарот на градот како најава за саботниот протестен марш за загинатите во страотната трагедија која се случи на 16-ти март во дискотеката на смртта во Кочани.

Маршот закажан за сабота, ќе почне во 12:05 часот симболично, со зборно место на Плоштадот Македонија, а потоа ќе продолжи кон Собранието и ќе заврши пред Основниот кривичен суд во Скопје. Активистите на граѓанската иницијатива „Кој е следен“ на споменикот пред Ибни Пајко ставија црни марами врз главите на спомениците на мајките.

Оваа акција, воедно, е ѝ повик до жителите на Скопје да се приклучат на солидарниот марш што го организира Здружението „16 март“. Целта на маршот е да се повика на правично судење за „масакрот во Кочани“, чие судско рочиште треба да започне на 19-ти ноември.

Од иницијативата „Кој е следен?“ со симболична герила-акција испратија и дополнителна порака со цитирање на писателот Ванчо Николески.

“Плачат мајки в црно преврзани,
бели градој лежат ограбени,
чадат села в оган запалени…”

Т.Д.