Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Mакедонија чекореше гордо на „Мис на светот“ со младата студентка Чарна Невзати

/

пред 468 дена

Сподели преку :

По пауза од 10 години, Македонија повторно заблеска на еден од најпознатите натпревари за убавина “Мис на светот”.

За првпат на Телма гостуваше младата студентка по право Чарна Невзати, која оваа година имаше прилика да ја претставува државата. Во Утринската на Телма таа раскажа за едномесечниот престој во далечната азиска земја. За само 10 дена таа успеа да ги спакува куферите и да избере тоалети во кои заблеска на подиумот во Индија.

Младата Чарна не успеа да влезе во „Топ 40 финалистки“, но сепак ја остави без здив светската и македонската публика. Покрај неа на „Мис на светот“ учествуваа уште 107 девојки од целиот свет, а како победничка оваа година беше избрана Сучата Чангсари oд Тајланд.