Извештајот „Атлас на цивилното општество“ за 2025 година покажува дека само 3,5% од светското население живее во земји со целосна слобода на изразување и собирање. Македонија е класифицирана како „загрозена“ заедно со 42 други држави, вклучувајќи ја Германија, САД и Франција, каде и покрај дозволите за граѓански слободи, се случуваат ограничувања и притисоци врз критичките гласови и медиумите.
Повеќе од 85% од луѓето во светот живеат во земји каде граѓанските слободи се ограничени, потиснати или затворени. Во „отворените“ земји, како Австрија и Јапонија, слободата на граѓанското општество е целосно гарантирана, додека во „затворените“ земји како Кина и Русија владее строг режим на цензура и репресија.
Извештајот посочува дека демократијата и човековите права се под сериозна закана, а слободното граѓанско општество е клучно за нивно зачувување.











