Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија во ОН гласаше за укинување на американското ембарго против Куба

/

пред 703 дена

Сподели преку :

Генералното Собрание на Обединетите Нации (ОН) и оваа година со мнозинство гласови ги повика САД да го укинат ембаргото против Куба.

Резолуцијата со која од САД се бара укинување на ембаргото ја поддржаа 187 држави, вклучително и Македонија. Против гласаа само две држави – САД и Израел, а единствено Молдавија беше воздржана.

САД воведоа ембарго за Куба на почетокот на 60-тите години од минатиот век.

„Генералното Собрание повторно ги повикува државите кои усвоија рестриктивни закони и мерки и продолжуваат да ги спроведуваат, во што пократок рок да направат чекори за нивно укинување, односно поништување, во согласност со домашните правни системи“, се наведува во резолуцијата на ОН, со напомена дека точката ќе биде на дневен ред и наредната година.

Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез во говорот пред Генералното Собрание на ОН рече дека американско трговско ембарго, впрочем е блокада, бидејчи мрежата на закони и прописи ги отежнуваат финансиските трансакции на Куба и набавка на производи, не само во САД, туку и во други земји.

Децениската „криминална политика на гушење“ и нанесе економска штета на Куба која надминува 164,16 милијарди долари, рече кубанскиот дипломат. Само од март во 2023 година до февруари во 2024 година, загубите, според него, се проценуваат на нешто повеќе од пет милијарди долари.