Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија и државните од регионот во петок ќе ги бојкотираат маркетите

/

пред 631 дена

Сподели преку :

Повиците на социјалните мрежи за бојкот на големите маркети в петок во земјава, добија посеризно значење откако го подржаа здруженија, движења па и политички фактори.

Идејата е по примерот на Хрватска, да се бојкотираат маркетите и со тоа да се покаже револт од високите цени во продавниците.

Поорганизиран отпор има во земјите од регионот. Во Хрватска веќе имаше бојкот минатиот петок и се покажа успешен, во Србија исто така организацијата „Ефектива“ повика на бојкот за четири синџири маркети кои, како што велат, манипулираат со цените.

Хрватите први ги почнаа овие акции, а продолжуваат и со порадикални мерки со оглед дека има повик и да не се пазари цела седмица. Најави за бојкот на маркети и големи ланци има и во Босна и херцеговина и во Словенија.

Голем дел од граѓаните кај нас велат дека ќе ја поддржат иницијативата, иако не очекуваат нешто да се промени во догледно време.