Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија нема функционален систем за селекција и преработка на пластичен отпад утврдиле ревизорите

/

пред 1609 дена

Сподели преку :

Македонија има ниско ниво на селекција на отпад, што негативно влијае и врз управување со пластичен отпад, утврдила ревизијата.

Според ревизорите системот е нефункционален и не обезбедува селекција, со што ѓубрето не може да се обработува.

Ова го содржи Заедничкиот извештај за управување со пластичниот отпад во Европа, кој денеска го објави државниот завод за ревизија.

Како што информираат оттаму, ова е резиме на ревизии за пластичниот отпад извршени од 12 врховни ревизорски институции во Македонија, Албанија, Бугарија, Унгарија, Малта, Молдавија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка и Турција. Според извештајот во две земји се утврдени случаи на нелегална испорака на пластичен отпад и тоа во Бугарија и Полска, а има информации за постоењет на диви депонии или несоодветно обезбедени депонии и согорување на отпад од граѓаните, што резултира со загадување на воздухот и претставува опасност по здравјето на луѓето. Во овој дел се псоочени Бугарија, Македонија и Полска.