Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија потпиша Рамковната конвенција за вештачка интелигенција

/

пред 148 дена

Сподели преку :

Република Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција, првиот меѓународен обврзувачки документ кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна примена на вештачката интелигенција.

Со овој чекор, државата се приклучува кон европските напори за регулирање на развојот на новите технологии во согласност со човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Министерот за правда Игор Филков истакна дека Конвенцијата ќе обезбеди поголема заштита на човековото достоинство, еднаквоста и приватноста на граѓаните, како и пристап до правна заштита во случаи на повреда на нивните права.

Тој нагласи дека документот овозможува флексибилност за државите да ги прилагодат мерките според сопствените правни системи, притоа почитувајќи ги универзалните стандарди.

Во следниот период ќе следува процес на анализа и усогласување на националното законодавство со одредбите на Конвенцијата, во кој ќе бидат вклучени институции, експерти и граѓанскиот сектор.