Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија трета година по ред нема да учествува на Евровизија

/

пред 708 дена

Сподели преку :

Македонија нема да има свој претставник на 69. издание на Изборот на песна за Евровизија, кое ќе се одржи од 13 до 17 мај следната година во Базел, Швајцарија.

Македонска радио-телевизија го објави буџетот за 2025 година , каде не се предвидени финансии за учество на нашата држава на следното издание на ова музичко натпреварување.

Ова е трето последователно неучество на Македонија. Наша последна претставничка на Евровизија беше младата пејачка Андреа Коевска, која настапи со песната „Circles“ во 2022 година и не успеа да се пласира во големото финале.

 

Да потсетиме, Македонија го имаше своето дебитанско учество на Изборот на песна за Евровизија во далечната 1998 година, кога нѐ претстави Владо Јаневски со песната „Не зори зори“. Оттогаш, нашата држава имаше 22 учества на овој музички фестивал.

Најдобриот успех го постигна Тамара Тодевска во 2019 година, со неверојатната изведба на баладата „Proud“. Таа го освои седмото место во финалната вечер.