Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ако Бугарија продолжи со ветото, Албанија ќе бара одвојување од Северна Македонија на патот кон ЕУ

/

пред 1738 дена

Сподели преку :

Албанскиот премиер Еди Рама, на денешната предновогодишна средба со новинарите рече дека процесот на европска интеграција е јасен и оти „Албанија е во апсурдна фаза на блокирање поради ветото наметнато од Бугарија врз Северна Македонија“.

Тој додаде дека Тирана нема намера до недоглед да зависи од волјата на Софија и најави дека ќе бара одвојување на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ, ако на крајот на француското претседателство, односно по првите шест месеци од следната година, Бугарија остане на ветото.

Доколку Бугарија продолжи да става вето, отворено ќе побараме одвојување од Северна Македонија. Во меѓувреме, она што е важно е дека нашите бодови во оценките во однос на овој процес се зголемуваат и две важни компоненти во зголемувањето на бодовите се чекорите што почна да ги презема правосудниот систем, рече Рама.