Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Али Ахмети на распит за предметот „Попис“

/

пред 2192 дена

Сподели преку :

Лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети, денеска треба да се појави на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Тој треба да даде исказ во врска со предметот „Попис“, потврдиле од ОЈО за „МИА“.

Инаку, истрагата за предметот „Попис“ ја отвори поранешно СЈО, за потоа да ја преземе ОЈО, за организиран криминал и корупција.

Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011-та година, организиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Според СЈО, со стопирањето на тогашниот попис на населението од страна на тогашниот премиер Никола Груевски, кој што моментално е во бегство и неговиот коалициски партнер во владата Али Ахмети, нанеле штета на буџетот во висина од 2.8 милиони евра.