Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ахмети на негово барање порано од предвиденото дал исказ за „Попис“

/

пред 2192 дена

Сподели преку :

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска бил во Обвинителството за организиран криминал и корупција, на распит за пропаднатиот попис во 2011 година.

Ахмети во обвинителството дошол порано на негово барање, околу 8 часот, дал исказ и заминал, иако првично беше најавено дека ќе се дојде во 10 часот, потврдуваат за МИА од Обвинителатво.

Истрагата по предметот „Попис“ ја отвори поранешното СЈО, за потоа да ја преземе ОЈО за организиран криминал и корупција.

Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година, организиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според СЈО, со стопирањето на пописот на населението тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој сега е во бегство, Никола Груевски и неговиот коалициски партнер во владата Али Ахмети, нанеле штета на Буџетот во висина од 2,8 милиони евра.