Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битолчани на улица и вознемирени по серијата земјотреси на грчката страна од границата

/

пред 1728 дена

Сподели преку :

Стотици Битолчани излегоа на улиците и се чувствува вознемиреност во градот по серијата земјотреси кои се случија во близина на Лерин од другата страна на македонско-грчката граница, известува Емилија Мисирлиевски, новинарка на ТВ Телма од Битола.

Епицентарот на земјотресите е на 30-тина километри од Битола на грчка територија.

Во Битола е забележлива и поголема раздвиженост со автомобили.

Граѓани од Ресен и од Прилеп исто така за Телма објаснуваат дека земјотресот бил силен и долг, а имало и тресење на работите во нивните домови.

Видео од Битола: