Бобан Црничиќ е назначен за ве-де директор на Улици и патишта.
Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Сенад Смаиловиќ кој беше разрешен бидеќи полицијата кај него пронајде кесички кокаин.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од град Скопје бараат оставка од градоначалникот Петре Шилегов, откако директорот на Улици и патишта беше фатен со кокаин, а потоа беше и разрешен.
Од партијата велат дека неговото разрешување не треба да биде последниот чекор.











