Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вакцинацијата од утре се сели во селата, а која сака без закажување ќе може да се боцне и во вакциналните пункотови

/

пред 1914 дена

Сподели преку :

За граѓаните вакцина без термин само со документ за идентификација. За жителите на руралните средини лекарите тргнуваат во поход за вакцинација. Од утре па во нареднтите 2 недели здравствените домови ќе организираат теренска вакцинација во секое село. Двајца лекари и три медицински сетри ќе одат од село во село, а со себе ќе ги носат вакцините Астра Зенека и Синовак.  Теренската вакцинација во Источна Македонија започнува со с. Три Чешми, Штипско.

Теренската вакцинација на исток е веќе отпочната а предност имаат притоврените лица во затворите.

Ако нема подрачно училиште или месна заедница вакцина ќе се става во самото амбуланто возило. Во Битола прво село на мета на лекарите е Кравари.

Теренската вакцинација во скопско почнува од селата Ласкраци, Бојане, Грчец, Сарај, а во Скопје на сите вакцинални пункотови ќе може да дојде секој кој сака да прими вакцина, ако со себе носи документ за идентификација.

Граѓаните кои немаат закажано термин, првата доза вакцина ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените, домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи. Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите од здравствените установи. Во Скопје вакцинарање без закажан тремин, ќе има во Поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7.30 до 19.30 часот, велат од МЗ.

Теренската, пак, вакцинација следи откако граѓаните со закажни термини добија предност и од 500 илајди прјавени над 400 илајди примија некоја од достапните во моментот вакцини. Експертите, апелираат владата да размисли за стимулација бидејќи за десетина дена заинтересираните граѓани ќе примат вакцина, а 50 отсто од населението или стравува, или не сака да се вакцинира.

Павле Беловски