Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата донесе одлука СЦ „Борис Трајковски“ да биде вакцинален центар

/

пред 2016 дена

Сподели преку :

Владата денеска на седница го задолжи Министерството за здравство, врз основа на одлуката за кризна состојба на дел од територијата на Северна Македонија, да ги ангажира сите свои стручни и други неопходни капацитети за спроведување на масовна вакцинација во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Како што соопшти владината прес-служба, со заклучок по оваа точка Владата го задолжи СЦ „Борис Трајковски“ да ги отстапи своите простории на Министерството за здравство за спроведување на масовната вакцинација согласно Национален план за вакцинација против КОВИД-19 во Северна Македонија.