Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Струмица на улица – гужви и дружби без маски

/

пред 2262 дена

Сподели преку :

Струмица е раздвижена и опуштена. Без било какви знаци дека светот се соочува со пандемија од КОВИД 19. По улици, на плоштад речиси и да не се забележува човек со заштитна маска. Особено навечер, кога младите излегуваат на прошетка. Во кафулињата е полно, а менаџерите велат дека пазарна инспекција ги посетува речиси секојдневно.

Преку ден, сликата е поинаква. Нема толкави гужви, а и топло е, не се шета без некоја причина.

Струмица важи за еден од најнедисциплинираните градови во државата кога станува збор за почитување на мерките за заштита од КОВИД – 19. Токму овде полицијата изрекла многу казни на граѓани за неносење маски.

Повозрасните со кои разговаравме, пак, велат дека сериозано го сфаќаат проблемот и порачуваат сите да се заштитени.

Во Струмица има дваесетина активни случаи на корона – вирус.

Сузана Мицева