Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гласаат 8. 843 болни и немоќни лица

/

пред 2272 дена

Сподели преку :

Со желби за подобро 92- годишната Стојанка Дамјанска денеска своето право на глас го оствари во својот дом. Една од најстарите штипјанки пред камерите вели дека на секои избори гласа, а додека ја држеле нозете, свечено дотерана  си гласала на своетот избирачко место 22 93 во гимназијата Славчо Стојменски. Неколку куќи подолу во штипското маало Кадидаре гласаше и нејзиниот сосед, на кого сопругата му помогна да гласа.

Во земјава денеска на ден пред изборите гласаат 8. 843 болни и немоќни лица. Првиот човек на ДИК, Оливер Дерковски денеска го посети Домот за стари лица во Катланово. За првпат се организира и официјално гласање на 357 лица  во 17 домови за стари лица во земјава. Општинските изборни комисии немаат забележано прекршувања и пропусти на терен, а одредени проблеми кои им се јавуваат ги решаваат во од.

До ДИК се пристигнати два приговори од вчерашното гласање на болните од Ковид 19 и лицата во самоизолација, од кои едниот е здравствениот избирачки одбор не го има најдено пријавеното лице во неговиот дом, кој според мерките мора да биде во изолација.

Викторија Јованова