Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гостиварци вознемирени по објавата на фотографии со расфрлени мртовечки сандаци

/

пред 2223 дена

Сподели преку :

Откако се појавија фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа сандаци фрлени на депонијата во Гостивар, жителите стравуваат дека истите можеби биле искористени за починати лица со ковид. Случајот е пријавен во полиција, по што следува истрага.   

Гостиварци вознемирени откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа мртовечки сандаци фрлени покрај градските гробишта, а потоа и на депонијата Русино. Во нив имало и метални сандаци кои се користат за погребување на лица кои починале поради компликации на ковид 19, или, пак, поради авионски превоз на починато лице.

Од гостиварското комунално претпријатие велат дека по пријавата од граѓани, екипи излегле на терен по што сандаците ги однеле на депонијата Русино.

Од ИВЗ соопштија дека починатите од ковид се погребуваат според протоколи и дека ковчезите не се отвораат. Директорот на Комуналец вели дека погребувањето на мртвите со корона е под надзор на надлежни комисии.

Случајот бил пријавен во полицијата, по што откако е излезено на терен сандаците не се пронајдени на местото, но се работи на негово расчистување.

Секторот за внатрешни работи Тетово веќе обезбеди фото и видео-материјали поврзани со случајот и презема мерки за откривање-кој и зошто ги оставил сандаците на тие места и дали постојат основи на сомнение за сторени кривични дела.  

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавија дека ќе го испитуваат случајот. Од таму велат дека ДНК анализа може да покаже дали во сандакот бил починат од ковид-19 и кој бил тоа.

Данијела Билбилоска